Добредојдовте во Schmetterlingo! ☺️
Оваа платформа е наменета за сите кои сакаат да започнат со учење германски јазик или да ги усовршат своите знаења.
На платформата ќе најдете различни видови онлајн курсеви (вклучувајќи и бесплатни содржини), а доколку сакате поинтензивно учење нудиме групни и индивидуални онлајн часови.
Часовите се прилагодени за практично учење – ќе научите како да се претставите себеси, да поставувате прашања и да одговарате, како и комуникација на работа, при пазарување и во различни секојдневни ситуации (патување, град, услуги и сл.).
Дополнително, преку нашите часови нудиме насочена поддршка за подобрување на успехот во училиште, подготовка за тестови, германски за работа и секојдневни ситуации, како и подготовка за преселба и живот во Германија, Австрија или Швајцарија.
Часовите се целосно онлајн и можете да следите преку мобилен, компјутер или лаптоп.
📌 Во тек се уписи за ниво A1.1.
За информации и пријавување – пишете ми порака. 📩