Јас сум Иван Исаиловски, еден од основачите на Етер Маркетинг тимот и сакам да создадам заедница на луѓе кои сакаат да помагаат или им треба помош на тема МАРКЕТИНГ. - Зошто го правам ова? (start with WHY)
Причината е практична. Отсекогаш сум помагал на луѓето околу мене и уживам кога го правам тоа. Проблемот е што ниту еден од тие моменти не е документиран и останува заробен во мојата глава или во минатото. Единствено некој со читач на мисли или временска машина може да има пристап до нив.
За да го решам овој проблем, моето знаење и размисли ќе ги споделувам во оваа заедница во повеќе формати, пишан текст, снимено видео, состаноци онлајн или во живо, прирачници, специјализирани курсеви итн. Сето ова ќе остане документирано и достапно за сите засекогаш, и ќе можам да го анализирам и подобрувам во од.
Не знам во која насока ќе се развива оваа заедница, само сакам да живее и секој да црпи по нешто од неа.
Од срце благодарам што се приклучивте на оваа заедница. 💖