Почнуваме со вашата омилена рубрика, впечатливи реклами од X причини. Ставајте скриншотови и ќе ги коментираме. Први денес ги видов Мазда и Нептун.
Мазда ми се допаѓа тоа што имаат ремаркетинг на посетители на нивната веб страна, ме таргетираат откако бев на нивната веб страна, итоа ме таргетираат со конкретна ценовна понуда, специјален попуст и повик за акција.
Нептун заборавиле дека 90% од луѓето рекламата ќе ја видат на телефон. Текстот е невозможно да се прочита.